Челниците на Пари Сент Жермен не планираат да запрат со скапите засилувања и ова лето спремаат уште еден многу скап трансфер.
Италијанските медиуми пренесуваат дека примарна трансфер цел на ПСЖ оав лето ќе биде ѕвеадата на Лацио Сергеј Милинковиќ-Савиќ за кого „светците“ се спремни да платат 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, раководството на ПСЖ во Србинот гледа идеална замена за Адриен Рабио, кој на крајот на сезоната ќе го напушти „Паркот на принцовите“ како слободен агент.
„Светците“ и минатата сезона беа заинтересирани за Милинковиќ-Савиќ, но тогаш неговата цена изнесуваше 120 милиони евра, а ПСЖ не можеше да потроши толкава сума бидејќи беше под мониторинг на УЕФА за Финансиски фер-плеј.
Милинковиќ – Савиќ има договор со Лацио до 2023 година, но оваа сезона не игра на највисоко ниво, па неговата цена малку се намали, но конкуренцијата за неговиот потпис останува голема.
За СМС интерес покажуваат уште Милан, Интер, Јувентус и Челзи, па се очекува вистинска „војна“ за неговиот потпис во летниот преоден рок.
Најголем конкурент на ПСЖ секако ќе биде тимот на Милан, кој силно го посакува Сергеј и е во постојан контакт со неговиот агент. Наводно „росонерите“ се спремни да понудат голема сума за неговиот потпис доколку се пласираат во Лига на шампиони следната сезона.
Останува да видиме дали Милан има сили да му конкурира на богатиот ПСЖ.