Дома Фудбал Останато ПСЖ со богата понуда ќе се обиде да го задржи Мбапе

ПСЖ со богата понуда ќе се обиде да го задржи Мбапе

Иднината на Килијан Мбапе се уште е главна тема и не е познато дали и во следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Мбапе денес им се приклучи на соиграчите и ги започна припремите со ПСЖ, но тој влезе во последната година од договорот и се уште не донел одлука за продолжување на соработката.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Младиот Французин до сега три пати ги одби понудите на „светците“ и одби да стави потпис на нов договор.

ПСЖ не сака да го загуби Мбапе без обештетување и спремил нова понуда која тешко ќе може да се одбие.

Имено, ПСЖ му нуди на Мбапе 5-годишен договор со плата од 32 милиони евра по сезона, па сега се чека одговор од Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Одлична вест за Милан пред клучниот натпревар во Неапол

Во понеделник од 20.45 часот на „Марадона“ ќе се игра големото дерби од 31. коло на Серија…