Фудбалерите на Лацио сезонава се најпријатното изненадување во Серија А и во овој момент се лидери на Апенините.
И оваа сезона еден од најдобрите играчи на римскиот клуб е српскиот играч за врска Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој пружи неколку одлични настапи во досегашниот тек од сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Милинковиќ-Савиќ одигра 31 натпревар во сите натпреварувања за Лацио сезонава и постигна пет голови и запиша седум асистенции. Тој неодамна со овој клуб потпиша нов договор до летото 2024 година, но многумина веруваат дека Лацио би можел да го продаде на лето.
Јасно е дека на Олимпико очекуваат од него добро да заработат. Со името на Савиќ повторно се поврзува ПСЖ. На „Чизмата“ се пишува дека францускиот клуб спремил понуда која Лацио едноставно нема да може да ја одбие.
ПСЖ се обиде да го доведе Савиќ и пред две години, тогаш Лацио за него бараше 100 милиони евра, меѓутоа сега во ПСЖ изгледа се спремни да ја понудат токму оваа сума и со сите сили да тргнат по неговиот потпис.