Италијанските медиуми пренсуваат дека Јувентус е во пол-позиција за потписот на ѕвездата на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
ПСЖ исто така покажува сериозен интерес за Србинот, но наводно „светците“ биле информирани дека СМС веќе се договорил со италијанскиот шампион.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
ПСЖ му понудил повисока плата, но Милинковиќ-Савиќ сака да остане во Италија и веќе се договорил со Јувентус.
СМС не игра добро од почетокот на сезоната, па Лацио свати дека направи грешка што не го продаде во летниот преоден рок и е спремен да започне преговори си Јувентус.
Според информациите од италијанските медиуми трансферот треба да изнесува 110 милиони евра, сума која „бјанконерите“ ќе ја платат на три рати.
Истиот извор наведува дека со доаѓањето на Милинковиќ-Савиќ може да му биде отворена излезната врата на Пјаниќ, за кого интерес покажуваат Манчестер Сити и Барселона.
https://youtu.be/a4YScaF4xGc