Иако изгледаше дека до враќање на Нејмар од ПСЖ во Барселона ќе дојде многу лесно, изгледа дека ПСЖ ќе го расипе тој план.
Имено, ПСЖ одлучи да ја прифати понудата само ако се вклучени двајца играчи кои тие ги сакаат, а тоа не се Кутињо и Ракитиќ како што им понуди Барселона. Барса на почетокот на неделата понуди 70 милиони евра, Кутињо и Ракитиќ, што би значело дека Нејмар би чинел околу 200 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, ПСЖ не сака да се согласи на оваа понуда. Тие цврсто се одлучени, или да го задржат Нејмар или да добијат двајца играчи кои тие ги сакаат. Станува збор за Дембеле и играчот кој допрва треба да стане играч на Барселона, Гризман и плус 100 милиони евра.
Барселона оваа понуда ја доживеа како навреда и одлучи да ги прекине преговорите, бидејќи сметаат дека Нејмар ќе успее да најде решение како да си оди од ПСЖ. Проблемот е во тоа што и самиот Бразилец не смее да ризикува кавга со клубот, бидејќи поради спонзорите му се потребни минути на теренот.