Дома Топ вести ПСЖ не запира, ја купува новата француска ѕвезда

ПСЖ не запира, ја купува новата француска ѕвезда

ПСЖ не престанува со засилувањата и следен на списокот е францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.

Коло Муани одигра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Светците“ веќе почнаа да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата. Раководството смета дека Коло Муани ќе биде идеална замена за Мбапе.

ПСЖ веќе ги донесе Осман Дембеле и Гонзало Рамош, со доаѓањето на Коло Муани треба да биде комплетиран новиот напад.

Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.

Француските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Кампос веќе почнал преговори со агентот на Коло Муани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…