Со оглед на тоа колку засилувања доведе ПСЖ ова лето францускиот „Canal supporters“ пренесува изненадувачка вест.
Наводно во ПСЖ немаат намера да застанат и постигнале договор за ангажман на Погба. Маурисио Покетино изгледа има намера да направи еден од најсилните состави и да ја донесе ЛШ на „Паркот на принцовите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Пол Погба е првата опција, а ако преговорите со Манчестер Јунајтед не бидат успешни тогаш „светците би можеле да се насочат кон Едуардо Камвинга.
Информациите се дека Погба и ПСЖ се блиску до договор и се истакнува дека Французинот би требало да стане третиот најплатен фудбалер на овој клуб, веднаш зад Нејмар и Мбапе.
Кога станува збор за оштетата се најавува дека Манчестер Јунајтед би прифатил понуда од 70-80 милиони евра.
Ќе потсетиме ПСЖ веќе ги доведе, Рамос, Вајналдум, Хакими и Донарума, но од нив го плати само Хакими останатите беа доведени како слободни агенти.