Дома Трансфер зона ПСЖ најде замена за Мбапе

ПСЖ најде замена за Мбапе

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Жоао Феликс сериозно размислува да ја промени средината, пренесуваат шпанските медиуми.

Португалецот падна во втор план кај Диего Симеоне откако пристигна Гризман, па неговата минутажа значително ќе се намали оваа сезона.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Најсилен интерес за него покажуваат ПСЖ и Ливерпул. „Светците“ во него гледаат идеален наследник на Мбапе, кој е на излезна врата.

„Јорганџиите“ за неговиот трансфер бараат 80 милиони евра, а ПСЖ е спремен да ја плати таа сума.

Жоао Феликс во 2019 година пристигна во Атлетико за рекорден трансфер од 127 милиони евра, но не ги оправда очекувањата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…