Дома Фудбал ПСЖ му прави дополнителен притисок на Мбапе: Стотина луѓе ќе мора да останат без работа

ПСЖ му прави дополнителен притисок на Мбапе: Стотина луѓе ќе мора да останат без работа

ПСЖ се уште не се откажува и се обидува да го убеди Мбапе да го продолжи договорот, сега парискиот клуб тоа го направи на очаен начин со уценување на француската суперѕвезда.

„Л’Екип“ пренесува дека ПСЖ во текот на ноќта направил нов потег и извршил дополнителен притисок врз грбот на 24-годишниот капитен на француската репрезентација.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Наводно, ПСЖ испратил писмо до Мбапе со детали за сите негативни влијанија што ќе се случат доколку брилијантниот напаѓач бесплатно го напушти Паркот на Принцовите.

Практично стотици луѓе од синоќа се во страв и сите го чекаат одговорот на Мбапе бидејќи од неговиот престој зависи нивниот престој на работа.

Под притисок на финансискиот фер-плеј, според писмото, ПСЖ би бил принуден да продава играчи, да ја преиспита политиката на интеграција на млади играчи тренирани во клубот, но и да иницира бран на внатрешни отпуштања.

ПСЖ со овој потег се обиде да „игра“ на чувства за Мбапе да го смени мислењето, но како што сега стојат работите, таквите работи воопшто не го тангираат одличниот напаѓач.

Како што е познато, еден од најдобрите светски играчи одлучи да не ја активира клаузулата за продолжување на договорот и следното лето ќе стане слободен играч.

ПСЖ со големо задоволство би се ослободил од него во овој преоден рок, сепак на „Паркот на принцовите“ се уште не доаѓа понуда која ќе ги задоволи епитетите на Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…