Дома Топ вести ПСЖ му порача на Икарди да си бара нов клуб

ПСЖ му порача на Икарди да си бара нов клуб

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ нема да смета повеќе на Мауро Икарди и го ставиле на продажба Аргентинецот.

Икарди не добива голема минутажа. Многумина веруваа дека работите ќе се променат со доаѓањето на Покетино, но наводно новиот тренер нема да смета на Икарди и веќе му порачал дека може да си бара нов клуб.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За Икарди интерес покажуваат неколку клубови од Серија А, а и самиот не крие дека сака да се врати во Италија.

Милан и Јувентус се главни кандидати за неговиот потпис. Двата италијански гиганти се во потрага по напаѓач за следната сезона.

Меѓутоа, проблем може да биде високата плата, бидејќи Икарди во Париз заработува 10 милиони евра по сезона, па ќе треба да прифати намалување ако сака да се врати во Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …