ПСЖ се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.
Коло Муани игра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ веќе почнаа да работат на трансферот и сакаат да ја победат конкуренцијата. Раководството смета дека Коло Муани ќе биде идеален партнер за Мбапе во нападот.
Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.
Француските медиуми пренесуваат дека спортскиот директор Кампос претпочита трансфер на Виктор Осимен, но самиот Мбапе посочил дека сака да го има Муаини како партнер.