Во последните денови во ПСЖ во центарот на вниманието е Меси поради неговиот лош однос со навивачите, меѓутоа сега се појавува нов проблем во Париз и тоа со Килијан Мбапе.
ПСЖ откако му даде услови како што нема никој друг, Мбапе повторно најде што да им замери на „светците“ и тоа јавно го сподели.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, ПСЖ искористил интервју на Мбапе да го стави во промотивна кампања, а фудбалерот не бил информиран. Мбапе на својот Инстаграм профил објави соопштение во кое порачува дека не се согласува со објавеното видео.
„Во ниту еден момент не бев информиран за содржината на интервјуто. Изгледаше како обичен „клупски маркетинг“. Не се согласувам со објавување на ова видео и се борам за моите индивидуални права во однос на фотографиите и видеата. ПСЖ е голем клуб и големо семејство, но не е Килијан Сен Жермен“, објави Мбапе.