Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес беше голема желба на Челзи и медиумите веќе го видоа на „Стенфорд Бриџ“ како замена за Фабрегас.
Меѓутоа, сега дојде до пресврт во целата ситуација откако во трката за потписот на Паредес се приклучи и Пари Сент Жермен.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
„Скај Спорт“ пренесува дека ПСЖ понудил 35 милиони евра за Аргентинецот и сега е во пол позиција за неговиот потпис. Челзи испрати две понуди, од кои повисоката беше 30 милиони евра, но Зенит експресно ја одби.
Паредес во 2017 година од Рома за 23 милиони евра се пресели во Зенит, кој сега за неговата слобода бара 45 милиони евра.
„Светците“ се наводно спремни со вклучени бонуси да стигнат до сума од 40 милиони евра, па голема е веројатноста Паредес наместо во Лондон да се пресели во Парис.