Италијанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ и Интер би можеле да направат трампа во зимскиот преоден рок.
Познато е дека ПСЖ е силно заинтересиран за Милан Скриниар, кого не успеаа да го доведат во летниот преоден рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ ќе се обидат да го доведат дефанзивецот во јануари, но сега ситуацијата е поинаква бидејќи Скриниар се уште не го продолжил договорот кој му истекува на крајот на сезоната.
Медиумите тврдат дека ПСЖ е спремен да му понуди трампа на Интер и во Милано да го испрати Хакими.
Хакими беше платен 75 милиони евра, но не ги оправда очекувањата во целост.
Останува да видиме дали Интер ќе го прифати предлогот на ПСЖ, кој изгледа примамлив.