Сезонава Ерлинг Халанд игра во одлична форма во дресот на Манчестер Сити, меѓутоа сега се појавуваат шпекулации поради кои во Манчестер Сити можеби треба да бидат загрижени.
Француските медиуми шпекулираат дека ако клубот не успее да го задржи Килијан Мбапе, наредното лето ќе тргне по норвешкиот голгетер. Наводно, францускиот гигант веќе стапил во контакт со Рафаела Пинамента, агентката која се грижи за кариерата на Халанд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Понудата не се открива, но се тврди дека финансиските услови биле многу подобри од неговите сегашни во Манчестер Сити.
Најголем страв за Манчестер Сити може да биде клазулата од 200 милиони евра за летото 2024 година која во 2025 ќе изнесува и 175 милиони евра што во денешниот фудбал не е неверојатно да се плати.
Ќе потсетиме, рекордот се уште го држи Нејмар со трансферот од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.