Според она што се најавува од француските медиуми ПСЖ одлучил – го откупува Икарди!
Мауро Икарди ова лето пристигна во ПСЖ на позајмица од редовите на Интер до крајот на сезоната, а „светците“ имаат право да го откупат од Интер за договорената сума.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Аргентинецот го напушти Милано после серијата контроверзии во кои беше вклучена и неговата сопруга и агент Ванда Нара.
ПСЖ успеа да се договори со управата на Интер и Икарди, а веќе на стартот од сезоната стана јасно дека направиле одличен потег.
Икарди е во одлична форма, псотигна пет голови и запиша асистенција на претходните шест натпревари во сите натпреварувања и сега медиумите во Франција на големо пишуваат дека ПСЖ ќе ја искористи опцијата за откуп. Тоа задоволство ПСЖ ќе го чини 70 милиони евра.