Tренерот на ПСЖ го потврди она што се најавуваше, Нејмар ќе го пропушти реваншот против Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во првиот натпревар ПСЖ беше поразен од Баерн со 1:0 и во вториот ќе се обиде да го сврти резултатот во своја корист, а во тој обид ќе биде без Бразилецот.
На денешната прес-конференција, Галтие потврди дека Нејмар нема сигурно да биде спремен за наредните два натпревари на „светците“, еден од тие два натпревари е и натпреварот против Баерн кој е и тоа како важен за целата исходот на целата сезона.
„Нејмар нема да биде на располагање на следните два натпревари. Тој е еден од најдобрите стрелци и асистенци во Лига 1, секако е голема загуба за нас“, истакна Галтие.
Дел од медиумите шпекулираа и дека поради послабите настапи на ПСЖ по Мундијалот, евентуална елиминација од Баерн може да значи и смена на клупата на „светците“.