Мауро Икарди игра во одлична форма откако премина на „Паркот на принцовите“.
Пари Сент Жермен е задоволен од настапите на Мауро Икарди и од Интер ќе ја активира откупната клазула во износ од 70 милиони евра, пренесуваат италијанските медиуми.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Парижаните при договорањето на позајмица постигнаа договор со Интер за откуп од 70 милиони и сега сериозно се размислува да ја активираат таа клазула.
Икарди до сега постигна 10 гола на 12 настапи и ги убеди „светците“ дека тој може да биде долгорочно решение за позицијата централен напаѓач, па ПСЖ веќе спреми пари за откуп на неговиот договор уште во јануари.
Секако, конечниот збор ќе го има Мауро Икарди, но тешко е да се очекува дека ќе одлучи да се врати во Милано, каде е „персона нон грата“