Дома Топ вести ПСЖ го „жртвува“ Нејмар поради Мбапе!

ПСЖ го „жртвува“ Нејмар поради Мбапе!

Се погласи се шпекулациите дека Реал Мадрид е силно заинтересиран за Мбапе и дека „кралевите“ се спремни да го соборат светскиот трансфер рекорд за неговиот потпис.

Поради тоа ПСЖ сака што побрзо да му предложи нов договор и да го направи Мбапе најплатен фудбалер на светот, пренесуваат француските медиуми.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Леонардо веќе ги започнал преговорите со неговото семејство и со неговиот агент. ПСЖ покрај високата плата е спремен да му вети на Килијан дека ќе биде најважен играч и центар на нивниот проект.

Во моментов тоа е Нејмар, но „светците“ се спремни да го продадат Бразилецот на лето, а сите пари ќе ги вложат во иднината на Мбапе.

Имено, ПСЖ се надева дека ќе добие 200 милиони евра за Нејмар, а на Мбапе сака да му понуди 5-годишен договор тежок 40 милиони евра по сезона. Со тоа младиот Французин ќе стане најплатен фудбалер на светот и за неколку милиони ќе го претекне Лео Меси.

Мбапе има договор до 2022 година, па поради тоа ПСЖ сака следното лето да ја заврши целата операција, бидејќи не сака да ризикува играчот да влези во последната година од договорот.

Од друга страна Реал не попушта, Перез сака по секоја цена да го донесе Французинот во Мадрид и нема да жали пари за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…