До крајот на преодниот рок останаа уште три дена, а и да заврши денес веќе тоа ќе биде најспектакуларниот трансфер во историјата.
Лионел Меси и Кристиано Роналдо во ист преоден рок ги променија клубовите, ПСЖ направи вистински бум, но уште неколку екипи доведоа вистински ѕвезди. До крајот на преодниот рок може да се случи и Мбапе да го засили Реал Мадрид.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Апсолутен победник во преодниот рок е ПСЖ кој ова лето потроши 76 милиони евра купувајќи ги Хакими за 60 и Данило Переира за 16, а бесплатно ги доведоа Вајналдум, Донарума, Меси, Рамос.
Манчестер Јунајтед потроши 150 милиони евра и ќе со Роналдо, Санчо, Варан ќе има големи амбиции сезонава.
Сити летово на нови играчи потроши 127.5 милиони евра. Го доведоа Грилиш од Астон Вила за 117.5 милиони, а десет дадоа за 18-годишниот Бразилец Кајкјо, додека Челзи го купи само Лукаку за 115 милиони евра. До крајот на преодниот рок можеби ќе потрошат уште околу 60 за Кунде.
И кога се ќе се собере најчудно е што до овој момент најмногу потроши – Арсенал – 147.5 милиони евра. За стоперот на Брајтон Бен Вајт платија 58.5 милиони евра, за 35 го откупија Одегард од Реал Мадрид, а за 28 го доведоа голманот на Шефилд Арон Рамсдајл. Од Андерлехт пристигна Локонг за 17.5 милиони, додека Нуно Тавареш на Бенфика беше платен осум милиони евра.