Италијанските медуми пренесуваат дека ПСЖ по секоја цена сака да го доведе голгетерот на Милан, Карлос Бака во зимскиот преоден рок.
Унаи Емери во Бака гледа идеално засилување, па ПСЖ ќе направи се за да му ја исполни желбата на својот тренер и да го донесе Колумбиецот уште во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Неодамна медиумите пишуваа дека „светците“ испратиле понуда од 40 милиони евра која Милан експредно ја одбил, но францускиот клуб не се откажува и наскоро ќе испрати нова понуда.
„Газета дело Спорт“ пренесува дека ПСЖ е спремен да го даде Хавиер Пасторе плус 10 милиони евра за да го добие потписот на Бака.
Милан е во потрага по квалитетен играч за врска, односно врвен плејмејкер, па не е исклучено да ја прифати ваквата понуда од парижаните.