Откако французите го потврдија трансферот на Килијан Мбапе, клубот од Париз вечерва до полоноќ би можел да обезбеди и ново засилување од 40 милиони евра.
Наводно, ПСЖ во овие моменти се обидува да го договори Жан Мишел Сери, фудбалерот на Ница кој беше голема желба на Барселона, но каталонците одбија да платат 40 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сери беше разочаран, но во тој момент изјави дека не се сите опции истрошени, фудбалерот очекуваше понуди од Ливерпул, Арсенал и ПСЖ.
И на крајот пристигна понудата од ПСЖ и тоа денес, но „Л’Екип“ се сомнева дека управата на богатиот клуб ќе има доволно време да го заврши и овој трансфер.
Но, полека но сигурно, едно станува јасно, ПСЖ може да купи кого сака и кога и сака, без никакви проблеми од финанскиот фер плеј.