Дома Трансфер зона ПСЖ во последен момент доведе напаѓач за 95 милиони евра

ПСЖ во последен момент доведе напаѓач за 95 милиони евра

РАНДАЛ КОЛО МУАНИ (24) е нов играч на ПСЖ. Францускиот клуб за францускиот напаѓач на Ајнтрахт од Франкфурт плати 95 милиони евра фиксно обештетување и се уште непознат износ на бонус.

Во текот на минатата сезона, Коло Муани со своите настапи го привлече вниманието на големите клубови, а во вторникот за германски Скај изјави дека ги известил челниците на Ајнтрахт за неговата желба да се пресели во ПСЖ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Би сакал да се преселам во Париз и ова им го кажав на клупските челници. Се надевам и посакувам Ајнтрахт да ја прифати понудата од Париз и да ми го овозможи овој трансфер“, изјави тогаш Коло Муани.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед подготвува 120 милиони евра за двајца играчи од средината на теренот

Манчестер Јунајтед е подготвен да издвои 120 милиони евра за трансфер на двајца играчи од …