Дома Фудбал Лига на шампиони Против Наполи Барса прекина црна серија која траеше над 1.000 дена

Против Наполи Барса прекина црна серија која траеше над 1.000 дена

Барселона во вчерашниот натпревар од Лигата на шампионите ремизираше против Наполи одигрувајќи 1:1.

На тој начин каталонскиот гигнат си задржа подобри шанси за поминување во следната рунда. Меѓутоа со голот на Левандовски беше ставен крај и на една црна серија на Барселона.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


За Барселона тој гол беше прв во нокаут фазата по пауза од три години, односно над 1.000, а исто така и прв во ерата без Меси.

 Последниот гол за Барселона во елиминационата фаза го постигна токму Меси на 10-ти февруари 2021 година во ремито 1:1 против ПСЖ во Париз. Барселона тогаш беше елиминирана поради поразот на домашен терен од 1:4.

Тој натпревар во Париз беше и последен за Барселона во нокаут фазата се до вчера, две сезони во низа каталонскиот гигант испаѓаше во групната фаза.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Мбапе повеќе нема да биде капитен на Франција? Л’eкип: Ситуацијата е сложена

КИЛИЈАН МБАПЕ (25) не беше дел од француската репрезентација за натпреварите со Израел и Б…