Дома Македонски спорт Мак баскет Против Грузија кошаркарите ќе играат во „Борис Трајковски“

Против Грузија кошаркарите ќе играат во „Борис Трајковски“

Во продолжението од квалификациите за пласман на Светскиот Куп 2023, машката сениорска репрезентација ќе го промени местото на одигрување на натпреварите на домашен терен.

Откако првиот квалификациски натпревар „црвено-жолтите“ го одиграа во Спортскиот центар „Јане Сандански“, оној наредниот ќе биде реализиран на 27. февруари, во А1 Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Утврдено е и времето на одигрување на средбата против селекцијата на Грузија која е во рамките на 4. коло од групата „Г“ од квалификациите за СК 2023.

Вториот меч против Грузија во рок од неколку дена (првиот се игра на 24. февруари во Тбилиси, од 16 часот), ќе започне од 20.часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…