Дома Топ вести Пронајден криминал при трансферите на Гризман и Малком

Пронајден криминал при трансферите на Гризман и Малком

Раководството на Барселона го извести обвинителството бидејќи пронајде „криминал“ при работењето на претходното раководството.

Спорни се два трансфери, тие на Антоан Гризман и Малком, пренесуваат каталонските медиуми.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Според собраните информции и документација, сегашното раководство има основано сомнение за криминал и корупција при овие два трансфери.

Гризман беше купен во 2019 година од Атлетико Мадрид за 120 милиони евра, а потоа Каталонците им платија уште 15 милиони евра на „јорганџиите“.Атлетико Мадрид ја обвини Барселона за нерегуларности, дури достави и жалба до федерацијата, па за случајот да не заврши на суд, двата клуба  се договорија да бидат платени додатни 15 милиони евра.

Исто така спорни се и четири провизии кои Барса ги платија при реализација на трансферот на Гризнан и тоа на неговата сестра, тратко, агент и на семејниот адвокат на Французинот.

Исто така неправилности се откриени и при трансферот на Малком за кого Барселона во 2018 година му плати 40 милиони евра на Бордо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…