Дома Фудбал Англија Проклетството на Гвардиола – дали се виновни шаманите?

Проклетството на Гвардиола – дали се виновни шаманите?

Пеп Гвардиола и Манчестер Сити повторно не успеаа да го подигнат трофејот во Лигата на шампиони, иако синоќа беа на чекор до финале.

„Граѓаните“ имаа предност од два гола разлика до 90-та минута во Мадрид, а потоа се случи „чудо“ и се се сруши за само неколку минути.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Во тие моменти на многимина сигурно им помина низ глава расправијата која ја имаше Гвардиола со Јаја Туре во 2018 година. Неговиот лош однос со еден од најдобрита африкански фудбалери кулминираше со негово заминување од Сити.

Неговиот агент, Селчук тогаш изјави дека африканските шамани сигурно ќе го проколнат Гвардиола.

„Гвардиола со исфрлањето на Туре ги сврте сите Африканци против себе. Сигурен сум дека африканските шамани ќе се обединат и дека нема да му дозволат да ја освои Лигата на шампиони. Ова нека биде клетва за Гвардиола. Животот ќе покаже дали сум во право“, изјави Селук.

Гвардиола во меѓувреме освои три титули во Премиер лигата, но никогаш не го освои трофејот во ЛШ со Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Tрансферот на ветеранот Енди Керол беше изненадувачки, но уште поголемо изненадување е неговата плата

Англискиот напаѓач, Енди Керол во средината на септември потпиша за Бордо кој поради банкр…