Дома Останати Кошарка Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Продолжува да блеска: Димитријевиќ со ново големо достигнување во ВТБ лигата!

Денеска во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето на ВТБ лигата кошаркарите на Уникс Казан со 83:73 славеа против Самара.

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ во триумфот на Уникс Казан придонесе со „дабл-дабл“ учинок од 11 поени и 15 асистенции за нешто над 36:19 минути на паркетот, а воедно имаше и четири скокови.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Така  Димитријевиќ стигна до бројката од 500 асистенции во ВТБ-лигата.

Вториот меч ќе се игра повторно на теренот на Уникс Казан на 25 април, а евентуалната „мајсторка“ е закажана за 28 април на теренот на Самара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Неверојниот Нено со 22 поени го реши европскиот шампион (Видео)

Кошаркарите на Баерн Минхен славеа против Фенербахче со 85-76 во Евролигата, предводени од…