Дома Македонски спорт Продолжува борбата на боксерите за враќање дома: Грција не им дозволи да слетаат во Солун!

Продолжува борбата на боксерите за враќање дома: Грција не им дозволи да слетаат во Солун!

Продолжува борбата на македонските боксери Јасин Љама и Гоце Јанески да се вратат во земјава.

Минатиот викенд Љама и Јанески настапија на турнирот за пласман во ЛОИ во Токио. Постоеше алтернатива тие од Лондон со лет да дојдат до Солун од каде што со автомобил ќе се упатат дома. Сепак и тука се соочија со проблем.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Авио-компанијата со која требаше да дојдат не им дозволила на боксерите да влезат во авионот иако имаа билет за тој лет. Од компанијата им образложиле дека имале контакт со амбасадата во Грција и им било кажано дека во нивната држава не е дозволено влез на државјани надвор од Европската унија. Слична ситуација имаа и кога претходно се обидоа да извадат билети за до Инстанбул.

Во овој момент боксерите остануваат во Лондон и ќе продолжат во барањето начин како да се вратат дома после ситуацијата која се направи поради пандемијата со коронавирусот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…