Дома Македонски спорт Македонските боксери конечно се вратија дома!

Македонските боксери конечно се вратија дома!

Нашите сениорски репрезентативци во бокс, Јасин Љама и Гоце Јанески доцна вчера преку Софија се вратија во Македонија откако 19 дена беа во Лондон каде учествуваа на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио.

Олимпискиот турнир поради ситуацијата со пандемијата од коронавирусот по само два дена беше прекинат од страна на организаторите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Љама и Јанески останаа во Лондон поради затворањето на аеродромот во Скопје. Боксерската федерација на Македонија два пати се обиде да ги врати во Скопје, но за жал неуспшно, еднаш преку Истанбул и втор пат преку Солун бидејќи Турција и Грција во последен момент ги затворија границите.

Вчера со лет преку Софија нашите двајца репрезентативци пристигнаа во Бугарија а потоа до Скопје. Љама и Јанески се сместени во задолжителен карантин во Скопје во Хотел Ибис каде ќе престојуваат следните 14 дена.

БФМ изразува голема благодарност до сите вработени во Амбасадите на Македонија во Лондон и Софија за помошта која ни ја пружија да ги вратиме Јасин Љама и Гоце Јанески дома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Вардар и Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија може да се сретнат само во финалето

Eкипите на Вардар и Пелистер се избегнаа во полуфиналето од Купот на Македонија и ќе може …