Дома Фудбал Репрезентации Проблем за Шпнија: Повреда на последниот тренинг

Проблем за Шпнија: Повреда на последниот тренинг

Mладиот репрезентативец на Шпанија и член на Валенсија заработил повреда на последниот тренинг за репрезентацијата пред летото за СП Катар на само шест дена до првиот натпревар на Светското првенство.

Гаја дресот на Шпанија го носеше на 16 натпревари, постигна три гола и подели четири асистенции, за „Фуријата“ дебитираше пред четири години во натпреварот против Хрватска. Тренингот во Јордан Гаја не го одработил до крајот и бил испратен на медицински тестови. Првите резултати покажале истегнување на десниот скочен зглоб, засега од шпанската селекција порачаа само дека ќе ја следат неговата состојба.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Веќе се шпекулира и за негова замена доколку не може да помогне, а според информациите тоа ќе биде Алехандро Балде, левиот бек на Барселона кој пред еден месец наполни 19 години.

Сезонава Балде е прв избор за стратег Чави Ернандез во Ла Лига и добива предност во однос на Жорди Алба и Маркос Алонсо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Не сакаат сите Мундијал со 64 репрезентации

Идејата за Светското првенство во 2030 година со 64 репрезентации не би требало да се разг…