Дома Фудбал Англија Проблем за Челзи: Зијех не успеа да го комплетира трансферот во Саудиска Арабија

Проблем за Челзи: Зијех не успеа да го комплетира трансферот во Саудиска Арабија

Фудбалерот на Челзи, Хаким Зијех нема да се пресели во Саудиски Ал Наср.

За време на лекарскиот преглед на мароканскиот фудбалер констатиран е проблем со коленото.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Лондонскиот клуб од трансферот требаше да заработи девет милиони евра, но нема многу да жали бидејќи летово веќе ги продадоа Нголо Канте, Калиду Кулибали и Едуард Менди во Саудиска Арабија.

Поранешниот фудбалер на Ајакс е роден во 1993 година во малото гратче Дронтен во Холандија. Неговиот татко е Холанѓанец, а неговата мајка е Мароканка. Играше за помладите категории на холандската репрезентација, но реши да дебитира за А селекцијата на Мароко.

Мина низ јуниорските категории на Херенвен пред да заигра за првиот тим на тој клуб, а во 2014 година го засили Твенте во трансфер вреден 3,5 милиони евра.

Две години подоцна Ајакс за него плати 11 милиони, а по четири одлични сезони Челзи беше подготвен да потроши дури 40 милиони евра.

Со мароканската репрезентација го постигна најголемиот успех во африканскиот фудбал бидејќи стана првиот полуфиналист на Светското првенство од овој континент.

Последната сезона во Челзи беше турбулентна, одигра 18 натпревари и не постигна гол, забележа три асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…