Селекторот на српската фудбалска репрезентација Драган Стојковиќ – Пикси откри дека Филип Костиќ е неизвесен за утрешниот натпревар против Бразил.
Утре Србија го игра првиот натпревар на Мундијалот, а противник на избраниците на Пикси е еден од главните фаворити за освојување на Мундијалот, Бразил.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новинарите пред овој натпревар го запрашаа селекторот на Србија како би изгледал тимот против Бразил.
„Тоа е сосема нормално прашање, но ниту еден тренер нема да ви го каже тимот. Што се однесува до составот на Бразил, знаеме 99 отсто кој ќе игра, но тоа не менува ништо. Работевме добро овие неколку дена и се прилагодивме на климата и животот во Катар Единственото Филип Костиќ е знак прашалник“, изјави селекторот Стојковиќ.
Фудбалерот на Јувентус секако е еден од најважните играчи во репрезентацијата на Србија и би бил голем удар за српската репрезентација ако тој го пропушти натпреварот.