Дома Фудбал Проблем за Реал Мадрид: Куртоа го пропушта Светското клупско првенство и осминафиналето во ЛШ

Проблем за Реал Мадрид: Куртоа го пропушта Светското клупско првенство и осминафиналето во ЛШ

Фудбалерите на Реал Мадрид вчера беа поразени од Мајорка со 1:0 во 20-тото коло во Ла Лига.

Барселона со победата вечерта против Севиља ја искористи ситуацијата и сега е на „плус осум“ на врвот на табелата. Сепак, тоа не се единствените проблеми за тренерот Карло Анчелоти.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На вчерашното загревање за натпреварот се повреди голманот Тибо Куртоа и во последен момент Белгиецот беше повлечен од стартниот тим.

Место Куртоа на голот застана Украинецот Андреј Лунин. Последните најави се дека Куртоа поради повреда ќе го пропушти Светското клупско првенство на кое Реал Мадрид ќе настапи оваа недела како актуелен шампион на Европа.

Под знак прашалник Куртоа е и за првиот натпревар во осминафиналето од Лигата на шампионите на „Енфилд“ против Ливерпул.

Мадриѓаните во среда од 20:00 часот играат против Ал Ахли во полуфиналето на Светското клупско првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…