Напаѓачот на Манчестер Сити и аргентинската репрезентација Хулијан Алварез наводно би можел да го напушти „Етихад“ ова лето.
Според еден од посигурните извори кога е Сити во прашање, новинарот Сем Ли, Алварез нема ништо против да ја промени средината ако добие адекватна понуда. Наводно, веќе неколку клубови се заинтересирани да започнат преговори.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претходно се споменуваше Атлетико Мадрид, повремено Барселона, чиј навивач е Алварез, но засега нема ништо конкретно.
Моментално Аргентинецот е фокусиран на Копа Америка и не размислува за трансфер, но тоа секако ќе биде тема во текот на летниот преоден рок.
Алварез е свесен дека повторно ќе има улога на втор напаѓач и нема да биде стандарден првотимец покрај Ерлинг Хлаанд. Минатата сезона доби и поголема минутажа меѓутоа тоа беше случај поради повредата на норвешкиот напаѓач.