Во претходните денови се најавуваше дека Цезар Азпиликуета е блиску до трансфер во Барселона наредното лето како слободен играч, но изгледа дека работата за Каталонците нема да биде баш така лесна.
Преговорите помеѓу Азпиликуета и Барселона наводно биле во завршна фаза и фудбалерот бил воодушевен што ќе има прилика да игра за еден од најголемите клубови во неговата земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа сега се појавил проблем за Барселона. Во актуелниот договор на Азпиликуета стоела клазула според која Челзи има опција ако сака да го продолжи договорот на дефанзивецот и тоа без тој да треба да се согласи. Така Челзи може да го продолжи договорот на Шпанецот за две години.
Засега најавите дека Азпиликуета не се согласува со ваквата опција, па ќе видиме како ситуацијата ќе се развива. Треба да се спомене дека на крајот од сезоната во Челзи истекуваат и договорите на Рудигер и Кристенсен.