Дома Трансфер зона Проблем за Барселона: Челзи ја започнал „операцијата Гави“, првиот состанок веќе се одржал!

Проблем за Барселона: Челзи ја започнал „операцијата Гави“, првиот состанок веќе се одржал!

Гави може да биде новиот проблем за Барселона затоа што Челзи според последните информации сериозно се обидува да ја искористи ситуацијата тоа што младиот фудбалер остана без професионален договор.

Ла Лига го поништи статусот на професионален фудбалер на Гави и тој во момент игра со аматерски договор како фудбалер од академијата, а не како стандарден првотимец. Според информациите на „АС“ Челзи ја следи ситуацијата и веќе тргнал во акција.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Наводно луѓе на англискиот гигант се сретнале со агентот на Гави, Иван Де Ла Пења со цел да го остварат првиот контакт и да видат каква е ситуацијата. Состанокот бил одржан во Мадрид и претставниците на Челзи предводени од спортскиот директор Кристофер Вивељо сакале да ја пренесат сериозната желба да го доведат Гави, но и да ја претстават улогата која тој би ја имал во големиот проект на „сините“.

Тој прв состанок наводно поминал со задоволство кај двете страни. Наскоро се очекува нов, за да се разговара за деталите и можноста Гави навистина да стане играч на Челзи.

Во последниот преоден рок Челзи потроши 360 милиони евра и сега наводно припрема повеќемилионски договор за Гави, а би го наградил и со висок трансфер бонус.

Барселона се уште има шанси да го реши проблемот со договорот, но мора до 30-ти јуни да ослободи 200 милиони евра што не е лесно, во спротивно Гави во летниот преоден рок и официјално останува без договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…