Колумбискиот фудбалер Хуан Квардадо беше блиску до потпишување на нов договор со Јувентус, но до официјализирање на соработката неопходно е да се надминат разликата меѓу двете страни.
Квардадо веќе влезе во четвртата деценија од животот и пракса на големите клубови е со тие фудбалери да потпишуваат едногодишно договори, додека Колумбиецот смета дека заслужува договор на уште две сезони.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Актуелниот договор му истекува на крајот од сезоната, а тоа значи дека веќе од 1. јануари ќе може бесплатно да премине во друг клуб. Како што пренесува „Газета дело Спорт“ во овој момент најреална опција е договор до 2023 година со истата плата од пет милиони евра или минимална корекција.
Фудбалерот кој во саботата против Фиорентина донесе бодови за „старата дама во финишот од натпреварот во овој момент е со репрезентацијата на Колумбија, а по враќањето се очекува одговорот колку продолжувањето на соработката блиску.