Дома Трансфер зона Проблем во Милано: Барселона, Реал и Јунајтед во игра – но може да замине само за нов рекорд!

Проблем во Милано: Барселона, Реал и Јунајтед во игра – но може да замине само за нов рекорд!

Во случај такво нешто да се случи, Интер добро ќе ја наполни касата.

Следното „Ел Класико“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона се игра во недела од 16:15 часот, но шпанските клубови водат големи битки и надвор од теренот.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Според пишувањето на „Дон Балон“, Барселона и Реал Мадрид се заинтересирани за стоперот на Интер, Милан Скриниар.

Во прилог на шпанските гиганти оди и тоа што Интер не успева да го убеди Скриниар да го продолжи договорот кој истекува во 2022 годна.

Наводно, должината на договорот не проблем, туку неговата плата. Стоперот сака значително покачување со оглед дека е еден од најважните играчи на „нероаѕурите“.

Во целата приказна се споменува и Јунајтед, а клубот од Милано според најавите би се согласил да го продаде Скриниар само доколку некој издвои сума од околу 75 милиони евра, колку што Ливерпул издвои за Ван Дијк.

https://www.youtube.com/watch?v=6CTguFpLVKY

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…