Дома Фудбал Англија Проблеми на „Олд Трафорд“ – Мурињо во „судир“ со играчот за врска!

Проблеми на „Олд Трафорд“ – Мурињо во „судир“ со играчот за врска!

Манчестер Јунајтед под водство на Жозе Мурињо оваа сезона запиша шест победи во Премиер лигата на осум натпревари, сепак поразот од Хадерсфилд во изминатиот викенд ја расипа атмосферата во клубот.

Португалскиот тренер ги изгуби нервите и после натпреварот истакна дека играчите се однесувале како да е пријателски натпревар во прашање. Посебно тој беше лут на играчот од средината, Андер Херера кој во едно интервју изјави дека однесувањето на играчите било лошо и дека желбата за победа била слаба.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Ох, мој Господе… Кога играчите ќе кажат нешто вакво и кога ќе кажат како се чуствуваат, мислам дека сите би требало да излеземе на конференцијата за медиуми бидејќи јас тоа не можам да го објаснам“, изјави Мурињо.

Првиот пораз и изјавата на Мурињо влијаеле на односот на Португалецот и играчите, кои  наводно откриле дека на следниот тренинг Мурињо имал дистанциран и „ладен“ однос. Фудбалерите на Манчестер Јунајтед очекувале критики, но сметаат дека Португалецот претерал.

Изненаден од коментарот на Мурињо беше и Гери Невил, легендата на овој клуб.

„Мислев дека овој пораз нема да ги погоди многу. Не го гледав натпреварот, но резултатот ме изненади, како и коментарот на Мурињо за играта на неговиот тим“, изјави Невил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…