Дома Останати Проблеми насекаде: Што се одложи и прекина коронавирусот?

Проблеми насекаде: Што се одложи и прекина коронавирусот?

Голем број одложени натпревари, прашање е на време ќе биде кога ќе се зголеми бројот…

Коронавирусот прави големи проблеми во спортот пораси се поголемиот број заразени.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Што се е одложено?

НБА лигата се прекина откако беше објавено дека Руди Гоберт е заразен, ист е случајот и со АБА лигата. Евролигата исто така, како и Европкупот. Тука ќе напоменеме и дека македонската кошаркарската федерација ги прекина сите натпреварувања кои се под нејзина надлежност.

Во фудбалот Лигата на шампионите и Лигата на Европа не се официјално прекинати, меѓутоа веројатно е само прашање на време. Реал Мадрид е ставен во карантин. Иста е и ситуацијата со мечот Јувентус – Лион, Даниеле Ругани е заразен. Стопирана е Серија А, шпанската Примера исто така, Бундес лигата првпат се играше без гледачи. Во Лигата на Европа одложени се натпреварите Севиља – Рома и Интер Гатефе.

Под голем знак прашалник се и натпреварите во баражот за ЕП од Лигата на Нации, тука е и дуелот Македонија – Косово за кој ФФМ вчера испрати официјално барање истиот да биде одложен и се очекува УЕФА да го прифати барањето. Ќе напомене дека стопирани се и натпреварувањата во рамки на ФФМ.

Тенисот исто така запре, нема да се игра Индијан Велс и Мајами, сигурно не и Монте Карло, прекинот ќе трае шест недели, а слична ситуација се очекува и во наредните денови. Тука мислмие на натпреварите на најголемите турнири, оние од послабите категории веројатно ќе се играат.

Под знак прашалник се и трките во Формула 1…

Ние искрено не паметиме кога нешто направило ваков хаос и проблеми, веројатно и немало.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…