Дома Фудбал Останато Што ќе се прави ако некој играч се зарази од кога сезоната ќе продолжи?

Што ќе се прави ако некој играч се зарази од кога сезоната ќе продолжи?

Пандемијата од коронавирусот пред скоро два месеци во целост го прекина фудбалот низ Европа (се игра само во Белорусија), а сезоната би требало да продолжи наредниот месец, барем во некои држави.

Од топ 5 првенства прва ќе продолжи изгледа германска Борусија и тоа кон средината на мај. Многу првенства веќе прават планови за продолжување на сезоната, но тоа најмногу зависи од тоа кога ќе добијат дозвола за играње на натпревари.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


УЕФА не сака ништо да прави на своја рака и сите одлуки ќе бидат донесени во договор со клубовите. Најголемиот страв сигурно е од тоа да не се зарази некој фудбалер кога сезоната ќе продолжи, тоа може да донесе до ново големо ширење на вирусот.

За тоа веќе на големо се зборува и се бара најдоброто решение, а едно од нив понудија фудбалските сојузи на Италија и Германија. Тие објаснија што би се случувало ако некој фудбалер од Бундес лигата или Серија А се зарази со вирусот.

Првиот чекор ќе биде играчот да се изолира во целост, а потоа да се тестираат сите кои биле во контакт со него. Него ќе му се одреди карантин од две недели, додека остатокот од тимот нормално ќе продолжи со натпреварите.

Во Италија планот е малку поинаков. На Апенините сакаат да ги изолираат и играчите кои ќе бидат тестирани, односно оние кои имале конткат со него, па веројатно во карантин би одел целиот тим.

За овој проблем ќе се се дискутира денес и во Лига 1 каде што сезоната би требало да почне во јуни пред празни трибини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Интер ја менува стратегијата со Инзаги

Се очекува тренерот на Интер, Симоне Инзаги да го продолжи договорот, а раководството на к…