Кристиано Роналдо на една страна, голем дел од соблекувалната на друга страна. Дали Зидан ќе може да го реши овој проблем?
Шпанските медиуми тврдат дека младите играчи предводени од Иско се свртиле против Португалецот. Последната расправија избила откако Роналдо му замерил на шпанскиот репрезентативец што не му се заблагодарил на асистенцијата, иако ни самиот Кристиано никогаш не го прави тоа.
Наводно, Иско, Лукас Васкез но и останатите млади фудбалери веруваат Роналдо инсистирал изминатите години да бидат продадени бидејќи мисли дека не ги задоволуваат критериумите на клубот.
Притоа, овој шпански „клан“ не може да му прости на Зидан за заминувањето на Мората, сметајќи дека токму под влијание на Роналдо Французинот го задржал Бензема.
Шпанските медиуми пренесуваат дека во овој момент клучниот збор го има капитенот Серхио Рамос, кој е еден вид на тампон зона помеѓу младите играчи и Роналдо.
Притоа тврдат дека Зидан не може да ги смири страстите, тој е на страната на Роналдо бидејќи верува дека Португалецот наскоро ќе влезе во препознатливата форма.
Доколку Роналдо пролетниот дел од сезоната го одигра како минатата сезона, тогаш се знае кој е газда…