Дома Фудбал Репрезентации Проблемите на Маркињос: Имав пр*лив и така го чував Меси, пред крај на натпреварот излегов за да одам во тоалет

Проблемите на Маркињос: Имав пр*лив и така го чував Меси, пред крај на натпреварот излегов за да одам во тоалет

Репрезентацијата на Бразил утре го игра во финалето на Копа Америка против Перу откако полуфиналето „Кариоките“ ја победија Аргентина со 2:0.

Бразил во полуфиналето играше против Аргентина и успеаа да слават со 2:0 и да се пласираат во финалето. Аргентинците имаа неколку одлични шанси, но не постигнаа гол, а после натпреварот направија скандал и обвинуваа дека судијата ги оштетил.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Расположен за игра беше Лионел Меси кој ја погоди рамката од голот на Бразил, но едноставно не можеше ништо да направи.

Одбраната на Бразил имаше многу проблеми со Меси, а тоа го призна и Маркињос после натпреварот. Стоперот на Бразил сам бил во проблеми бидејќи на денот на натпреварот се соочил со стомачен вирус.

Лекарскиот тим на Бразил не верувал дека Маркињос ќе може да игра бидејќи имал проблем и со ретка столица (про*ив). Но, сепак Маркињос се најде на теренот.

„Не беше лесно, Меси беше инспириран за игра и играше одлично. Ни создаваше многу проблеми и тешко го запиравме. На мене ми беше посебно тешко бидејќи имав стомачен вирус на денот на натпреварот. Денот го поминав во хотелската соба и беше комплицирано затоа што имав про*лив. Сепак на крајот заиграв и морав да го чувам Меси. Пред самиот крај излегов од игра бидејќи морав да одам во тоалет“, изјави Маркињос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…