Дома Останати Кошарка НБА Пријател на семејството на Коби зборува за Венеса: Скршена е, не може да изговори една реченица без да заплаче

Пријател на семејството на Коби зборува за Венеса: Скршена е, не може да изговори една реченица без да заплаче

Сопругата на настрадата ѕвезда Коби Брајант се наоѓа во тешка состојба после загубата на нејзниот сопруг и 13 годишната ќерка.

Коби и неговата ќерка Џана, како и уште седум лица го загубија животот на 26. јануари. Од тој момент сопругата на Брајант, Венеса не дала никаква изјава за медиумите и не се појавила во јавноста.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во изјава за „Пипл“ магазинот пријател на семејството открива во каква состојба била Венеса. Разбирливо таа минува низ најтешките мигови од нејзиниот живот и прашање дали после една ваква трагедија ќе биде истата.

„Иако имаа успони и падови беа сродни души. Го гледаше Коби како доживотен партнер. Венеса е целосно скршена. Не може да доврши една реченица без да заплаче. Сепак, се труди да биде покрај девојчињата и знае дека мора да биде силна. Опкружена е со луѓето кои сакаат. Има огромна поддршка и тоа и е олеснување. Не е сама, но оваа трагедија сигурно ќе остави трага на неа“, изјавил неименвуан пријател.

Зад Коби покрај сопругата останаа уште три ќерки. Најстарата Наталија која има 17 години, Бјанка има три години, а малата Капри само седум месеци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Проблем за Далас, се повреди Дончиќ

Ѕвездата на Далас, Лука Дончиќ се здоби со повреда на зглобот на десната рака, објавија та…