Кристиано Роналдо е на излезна врата и е многу блиску до трансфер во Јувентус, но Реал експрено му пронајде замена на Португалецот.
Имено, француските медиуми денес лансираа „бомба“ и пишуваат дека Реал Мадрид веќе го договорил трансферот на најдобриот млад фудбалер на светот и член на ПСЖ, Килијан Мбапе.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Веќе неколку месеци медумите пишуваа дека главна цел на „кралевите“ е Нејмар, но поради потешкотиите да дојде до потписот на Бразилецот, Реал се насочил кон Мбапе.
Веста за трансферот на Мбапе во Реал прв ја објави новинарот Баптист Рипар, кој секогаш прв ги објавува трансферите на француските фудбалери.
Имено, со овој трансфер ќе биде срушен светскиот рекорд бидејќи „кралевите“ за тинејџерот ќе платат неверојатни 272 милиони евра.
? EXCLUSIF!! ? Le Real #Madrid a conclu un accord avec #Paris pour #Mbappé. 'Los Blancos' paieront 272M € en 4 versements. Plus d'informations EN DIRECT après Suède-Suisse!
— Baptiste Ripart (@RipartBaptiste) July 3, 2018
ПСЖ е под закана на УЕФА за нарушување на Финансискиот фер-плеј, па мора да продаде една од двете најголеми ѕвезди, а „светците“ наводно се одлучиле тоа да биде Мбапе.
Мбапе во моментов е поблиску до трансфер во Реал отколку останување во ПСЖ, а сите детали ќе бидат договорени по завршувањето на Мундијалот.