Дома Фудбал Пристигна одлична вест за Барса, но веднаш по таа и една лоша

Пристигна одлична вест за Барса, но веднаш по таа и една лоша

Самуел Умтити со месеци е надвор од теренот поради тешката повреда на коленото.

Своевремено некои шпански медиуми шпекулираа дека ситуацијата е толку сериозна што Умтити поради споменатата повреда може и да ја прекине својата кариера. Сепак, по одреден период поминат на третман во Катар, францускиот стопер се врати во екипата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Умтити се приклучи на првиот тим во Каталонија, а иако од Барса не шпекулираат за датумот на неговото враќање на теренот, закпренувањето сега е во полн ек. Самиот факт дека Умтити се приклучи на екипата претставува одлична вест за Барса, но денеска пристигнаа и нешто полоши вести.

Имено, играчот за врска Артур Мело кој одлично се вклопи во екипата од минатогодишното доаѓање на „Камп Ноу“ се повреди и ќе паузира три или четири недели. Така сигурно ќе го пропушти натпреварите со Билбао, Ваљадолид и Севиља во Ла Лига, како и натпреварот во Лигата на Шампионите против Лион.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(ВИДЕО) Најдобрите моменти на македонските фудбалери во 2025 година

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави компилација од најдобрите моменти за 202…