Дома Трансфер зона Пристигна „луда“ понуда од Кина – Руни ги пакува куферите!

Пристигна „луда“ понуда од Кина – Руни ги пакува куферите!

Вејн Руни овој викенд стана најдобар стрелец во историјата на Манчестер Јунајтед, а веднаш потоа доби понуда која сигурно може да го натера да си замине од „Олд Трафорд“.

Кинескиот шампион Гуангжу Евергранде и нивниот ривал Пекинг Гуан се подготвени на Руни да му дадат неделна плата од 700.000 фунти.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Англиските медиуми тврдат дека Руни е во дилемадали да ја прифати богатата понуда, а Жозе Мурињо нема да застане на неговиот пат доколку напаѓачот се реши на таков потег.

„Не знам дали ќе замине, зависи од него. Не сакам да ги критикувам фудбалерите кои одлучуваат да одат во Кина. Тоа е нивен живот, нивна кариера. Парите се огромни, а искуството може да биде интересно. Да бидам искрен, во случајот со Руни не знам ништо, бидејќи тој ништо не ми кажал за евентуално заминување во Кина“, истакна Мурињо.

Иако му останува уште една година од договорот, сепак Руни би можел да ја прифати понудата и да се пресели во Кина следното лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Александер Арнолд уште од јануари во Реал

Трент Александер-Арнолд може да го напушти Ливерпул уште во јануари бидејќи според последн…