Офанзивниот играч за врска на Барселона, Филипе Кутињо продолжува да биде „трн во окото“ на раководните луѓе во клубот.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Каталонските медиуми пренесуваат дека привремеиот претседател Карлес Тускетс сака да го продаде Кутињо пред претседателските избори кои се закажани за 24 јануари.
Барселона има големи финансиски проблеми и сака да се ослободи од високата плата на Кутињо. Оваа сезона одлични игри покажува младиот Педри, кој зема многу помала плата, а игра на местото на Бразилецот.
Според „Мундо Депортиво“ Кутињо не сака да слушне за трансфер во јануари и сигурно ќе ја заврши сезоната на „Камп Ноу“.