Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, во изјава за интернет-страницата на ФФМ истакна дека очекува фудбалски спектакл кој долго ќе се прераскажува, фер и отворена фудбалска игра и, пред сѐ, многу голови.
„Како претседател на Фудбалската федерација на Македонија навистина се гордеам што успеавме во спроведувањето на активностите за организација на УЕФА Суперкупот Скопје 2017. Напорно работевме изминативе две години и сметам дека заедно со останатите вклучени во организацијата, Градот Скопје и Владата на Р. Македонија, успешно го комплетиравме овој проект, чија реализација останува. Особено ми е драго што токму Фудбалската федерација на Македонија со добиената доверба од УЕФА за организација на Суперкуп-натпреварот стана еден од најголемите амбасадори на нашата земја, промотор на фер игра, на социјално и општествено вклучување, промотор на позитивни вредности во нашето општество. Финалето во Скопје е настан што ќе биде голем дополнителен импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот“, изјави првиот човек на ФФМ.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
УЕФА Суперкуп-натпреварот од националната арена „Филип Втори“ во Скопје ќе се пренесува во живо во 216 земји (49 во Европа и 167 во светот), а над 280 ТВ-станици ќе го пренесуваат пред ТВ-аудиториум од неколку милијарди луѓе. Илчо
Ѓорѓиоски заедно со председателот на УЕФА, Александар Чеферин, ќе им го додели пехарот на победниците.